ФОТО | Клои ги разоткри: Дали Ким Кардашијан и нејзиното момче Пит имаат фетиш на стапала?
Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан привлече огромно внимание со последните фотографии кои ги сподели со своите фанови на социјалните мрежи. Имено, Ким на својот инстаграм – профил објави серија фотографии со повеќе од една деценија помладотот момче Пит Дејвидсон.
View this post on Instagram
Парот очигледно ужива во секој момент поминат заедно и едноставно не им е важно дали некој ги фотографира или не. Меѓу објавените фотографии е фатен и моментот кога Ким ги држи стапалата на градите на Пит, а нејзината сестра Клои не можеше да се воздржи па остави скокотлив коментар
View this post on Instagram
„Дали и вие имате фетиш на стапала?“ – прашала Клои алудирајќи на Кортни Крадашијан и нејзиниот сопруг, тапанарот Травис Баркер.
По коментарот на Клои следеше лавина од коментари од бројните фанови на семејствотрот Кардашијан – Џенер.
Ким, едноставно не обрна вниамние на коментарот на својата сестра, а според фановите таа во последно време е многу повесела од порано, поспонтана, секогаш подготвена за шега.
View this post on Instagram
Ова секако не е прв пат Кардашијан да објавува заеднички фотографии со своето момче на споменатата социјална мрежа, но секој пат околу нив се крева огромна прашина.