ФОТО | Ќерката на Здравко Чолиќ провокативна во костим за капење: Ужива во спа-центар на Златибор
Уна Чолиќ, 22-годишната ќерка на Здравко Чолиќ, често го привлекува вниманието на корисниците на социјалните мрежи со својот беспрекорен изглед и провокативни модни изданија.
Препорачано
Сега, таа на Инстаграм објави дека поминала неколку денови опуштајќи се на Златибор, а на една од фотографиите позира во провокативен костим за капење кој ги истакна нејзините облини и наметка.

Коментарите под објавата на Уна само се нижеа.
„Ало девојко, грмиш“; „Ау каква си Унаааа“; „Убавица“; „Убава и природна“; „Убавица, пази да не изгориш“, беа дел од комплиментите.
Инаку, таа ретко се појавува во јавноста и не дава интервјуа. Здравко со сопругата Александра ја има и 17-годишната ќерка Лара.

Во едно од претходните интервјуа, пејачот изјави дека не му се допаѓа тоа што Уна често позира во провокативни изданија.
„Таа само се фотографира. Ја карам, не ми се допаѓа, но не можам да ѝ забранам. Таа е таква, едноставно. Комуницира со луѓе, сака да се слика. Јас никогаш не сум бил таков – колку помалку, толку подобро. Само кога јас морам поради работата, а таа го има само телефонот. Не можам да ѝ забранам, што да ѝ правам“, рекол тој.
ФОТО | Смело издание: Ќерката на Здравко Чолиќ го истакна деколтето во провокативно боди


