ФОТО | Ким на квадрат: Кардашијан со нова соработка, а најзгодниот амбасадор е Хајди Клум

ким кардашијан скимс фенди
Фото: Принтскрин / Instagram

Пристигна новата капсулна колекција на Фенди – соработка заедно со брендот на ѕвездата Кардашијан! Ким Џонс и Ким Кардашијан соработуваа на колекција помеѓу брендовите Фенди и Скимс, и резултатот е колекција која одлично се носи однадвор и одоздола.

Уметничкиот директор на „haute couture“, „ready-to-wear“ и крзнените колекции за жени за Фенди, Ким Џонс, и Кардашијан Вест ги здружија силите за да создадат целосна „ ready-to-wear“ понуда која ќе вклучи сè, од облека за обликување, преку долна облека, до костуми за капење и надворешни парчиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

Линијата вклучува низа сензуални парчиња кои ја следат линијата на телото, како топови кои се согласуваат со формата и тенк фустани, проѕирни градници и хулахопки, до едноделни костуми за капење и паф јакни.

Повеќето од парчињата ги носат логоата на двата бренда и доаѓаат во чисти нијанси како црно, војничко зелено, црно со фусија, како и нијанси на бои на кожа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

Колекцијата е планирана да биде претставена на 9 ноември во 6 часот наутро по пацифичко време, а ќе може да се добие преку наменетиот сајт fendiskims.com.

Ким Кардашијан беше центар на промотивните фоторграфии за колекцијата, но покрај неа се појавија моделите Прешс Ли, Тиана Сен Луис, Џеси Ли и Грејс Валентајн. Сесијата ја фотографираше прочуениот Стивен Мејсел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fendi (@fendi)

Најинтересен амбасадор на скоро-лансираната колекција е Хајди Клум, која се појави во жешко издание низ пар фотографии објавени на нејзиниот инстаграм-профил.

Во повеќе фотографии во еден пост Клум се појавува во црвена цитрон комбинација на слим долна облека и топ во долги ракави, а објавата содржи мноштво црвени и портокалови „емоџи“ знаци покрај неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)