ФОТО | Ким Кардашијан не беше на Оскарите, ама на забавата се погрижи да ја видат сите

ким кардашијан
Ким Кардашијан / Фото: EPA-EFE

Ким Кардашијан можеби не беше поканета на Оскарите, но затоа изгледаше холивудски на традиционалната забава која секоја година ја организира „Vanity Fair“ по официјалната цеременонија.

ким кардашијан
Ким Кардашијан / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Кардашијан се појави во светло сина тоалета на „Баленсијага“ со долг, драматичен тул, вградени ракавици и отворен грб со црни високи потпетици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

41-годишната ѕвезда носеше и сребрени очила за сонце кои изгледаат футуристички, а во исто време и ретро. Покрај минималната шминка и измаснета фризура во репче, на Ким блескаа и огромни дијамантски обетки од Лорејн Шварц.

ким кардашијан
Ким Кардашијан / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Некои критичари на социјалните мрежи не беа воодушевени од модниот избор на ѕвездата која решила уште еднаш да си ја „проба“ среќата со монохроматски изглед на „Баленсијага“.

ким кардашијан
Ким Кардашијан на Мет Гала, 2021 година / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

„Станува здодевно“, коментираше еден корисник. „Барем овојпат е во боја“, напиша друг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kendall (@kendalljenner)

Ким не беше единствениот член од нејзиното познато семејство што за забавата одлучила да носи очила за сонце, навечер. Нејзината полусестра Кендал Џенер на сличен начин го дополни својот „Баленсијага“ изглед со очила.

ким кардашијан
Ким Кардашијан / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Новото шоу на семејството Кардашијан, ќе биде премиерно прикажано на 14 април на „Хулу“ и сигурно ќе донесе дополнителна драма во етерот која се чини дека уживаат сите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот