Валентино и Катарина Ивановска / Фото: Profimedia/Инстаграм/Катарина Ивановска

ФОТО | Катарина Ивановска се прости од Валентино: „Тој беше последниот моден император“

Нашата манекенка Катарина Ивановска се прости од италијанската модна легенда Валентино Гаравани, со кого имаше можност да соработува на неколку негови ревии.

Таа ја сподели својата почит преку објава на Инстаграм, каде објави фотографии и видеа од нејзините учества на неговите ревии.

„Последниот император – Валентино Гаравани“, напиша таа, алудирајќи на статусот што Валентино го имаше во светот на високата мода – како последен голем владетел на една гламурозна модна ера.


Да потсетиме, Валентино Гаравани почина вчера на 93-годишна возраст. Роден во Италија, тој ја основа својата модна куќа во Рим и со децении беше синоним за луксуз, елеганција и беспрекорна висока мода. Неговите креации ги носеа најголемите светски ѕвезди и аристократки, а препознатливата „црвена боја на Валентино“ остана еден од најмоќните симболи во историјата на модата.

Легендарниот италијански дизајнер Валентино почина на 93-годишна возраст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот