ФОТО | Касандра 20 години подоцна сè уште „жари и пали“!
Ако добро се сеќавате, мегапопуларната серија „Касандра“ што се емитуваше пред повеќе од 20 години на нашите телевизиски екрани, предизвика невиден феномен на посветено гледање и вљубување во главните ликови, соживување со нивните болки и радости…
Времиња во кои по улиците немаше жив човек – сите гледаа „Касандра“!
Сепак, приматот на ѕвезда на оваа теленовела го носеше Кораима Торес, главната улога во „Касандра“. Кораима денес има 48 години, живее и работи во Колумбија. По потекло е од Венецуела и е една од најпознатите актерки во Јужна Америка. Актерката иако е во петтата деценија од животот, посветено вежба и изгледа непроменето!
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Таа последниве години е доста активна на својот инстаграм-профил, каде споделува фотографии од себеси и своите ангажмани. Во брак е со колумбискиот актер Николас Домингез, со кого има син.
View this post on Instagram
Нашата публика ја обожаваше, а впечатлива беше нејзината емотивна улога на бестрашна девојка од циркусот која се вљубува во момче од богата фамилија и недостижно за неа.
View this post on Instagram
View this post on Instagram