ФОТО | Каролина Гочева со свое музичко шоу на дочекот на Новата година

Фото: Фејсбук/Каролина Гочева/Стефан Рајхл

Македонската поп-принцеза Каролина Гочева ја најави својата новогодишна музичка емисија која ќе се емитува на 31 декември, со почеток од 21 часот, на Македонската радио-телевизија.

Нејзини гости ќе бидат музичките ѕвезди Елена Ристеска, Лара Иванова, Влатко Лозаноски, Бранислав Николов (Пијан славеј) и актерите од телевизиската серија „Тин камп“.

„Драги мои, многу се радувам што можам да ви кажам дека оваа година сакав да прославам заедно со сите вас и поради тоа, на Нова Година ќе пеам само на МРТ1!

На 31 декември, со почеток од 21 часот, ќе имам свое 90-минутно шоу на кое како специјални гости ќе се појават и моите драги колеги и пријатели Елена Ристеска, Лара Иванова, Влатко Лозаноски, Бранислав Николов (Пијан славеј) и ѕвездите од телевизиската серија „Тин камп“.

Се гледаме на 31 декември на МРТ1“, напиша Каролина на својата официјална фејсбук-страница.

Па, да ја дочекаме новата 2023 година со квалитетна македонска музика!

Каролина Гочева / Фото: Фејсбук/Каролина Гочева/Стефан Рајхл
Каролина и Влатко Лозаноски / Фото: Фејсбук/Каролина Гочева/Стефан Рајхл
Каролина и Лара Иванова / Фото: Фејсбук/Каролина Гочева/Стефан Рајхл
Каролина Гочева / Фото: Фејсбук/Каролина Гочева/Стефан Рајхл
Каролина и Елена Ристеска / Фото: Фејсбук/Каролина Гочева/Стефан Рајхл
Каролина и Бранислав Николов (Пијан славеј) / Фото: Фејсбук/Каролина Гочева/Стефан Рајхл
Каролина и актерите од „Тин камп“ / Фото: Фејсбук/Каролина Гочева/Стефан Рајхл

Една дама и двајца џентлмени: Каролина, Дуке и Исмаил ни ги наполнија срцата со убавина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот