ФОТО | Кара Делавињ го поддржа протестот во Србија поради интервјуто со силувачот

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Твитер

Супермоделот Кара Делевињ, една од најпознатите манекенки во светот, ги поддржа завчерашните протести што се одржаа пред редакцијата на српскиот таблоид „Информер“, а поради објавување на интервјуто со сериски силувач кој излезе по 15-годишна затворска казна.

Кара Делавињ го сподели на Инстаграм видеото од српската актерка и активистка Бојана Новаковиќ, која со години живее и работи во Америка и Австралија.

На снимката што ја објави Бојана Новаковиќ, се гледа група луѓе пред споменатата редакција, но на неа пишува и дека полицијата го чува влезот во зградата.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Полицијата го брани влезот на редакцијата во Србија која штотуку објави видео со сериски силувач промовирајќи ги начинот на кој ги силувал жените“, пишува во видеото, на англиски јазик.

Кара Делевињ го сподели ова видео на нејзината приказна на Инстаграм. На оваа социјална мрежа ја следат повеќе од 42 милиони луѓе.


Да потсетиме, стотици демонстранти, од кои повеќето девојки и жени, завчера протестираа пред редакцијата на таблоидот „Информер“ во центарот на Белград, барајќи одговорност од сопственикот и од уредникот за објавеното интервју со осуден сериски силувач. Тие протестираа поради објавеното интервју со Игор Милошевиќ, кому таблоидот му ја посвети целата насловна страница од новиот број, на која тој се фали дека од својата 14 година досега минал само три месеци на слобода.

ВИДЕО | „Ја силувате Србија“: Таблоидот „Информер“ објави интервју со сериски силувач, пред редакцијата протест

ВИДЕО | За овој женски говор зборува цел Балкан: Уапсете ме до утре, оти по ова веројатно нема ни да се вработам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот