ВИДЕО | „Ја силувате Србија“: Таблоидот „Информер“ објави интервју со сериски силувач, пред редакцијата протест

Фото: Јутјуб/принтскрин

Стотици демонстранти, повеќето девојки и жени, се собраа денеска на протест пред редакцијата на провладиниот таблоид „Информер” во центарот на Белград, барајќи одговорност од сопственикот и од уредникот за објавеното интервју со осуден сериски силувач.

Учесниците протестираа поради објавеното интервју со Игор Милошевиќ. Таблоидот му ја посветува целата насловна страница од новиот број, на која тој се фали дека од својата 14 година досега минал само три месеци на слобода.

Милошевиќ неодамна беше ослободен по повеќегодишна затворска казна, а бројни женски и граѓански организации во Србија изразија страв дека тој може да ги повтори делата, укажувајќи на опасноста од негово слободно движење во јавноста.

Демонстрантите скандираа „Ја силувате Србија!“.

„На сериските силувачи не им е место во јавниот простор, медиумите и емисиите, туку во затвор”, беше порачано од протестот.

Новинарските здруженија, бројни опозициски партии и претставници на граѓанското општество во Србија со осудија уредничкиот потег на „Информер” и неговиот сопственик и главен уредник Драган Ј.Вучиќевиќ, предупредувајќи дека со тоа интервју експолицитно е прекршен новинарскиот кодекс и сите морални норми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот