ФОТО | Како изгледа омикрон: Објавена прва фотографија од новиот сој на коронавирусот

Омикрон / Фото: Профимедиа

Универзитетот во Хонг Конг објави фотографија од новиот сој на коронавирусот, омикрон, добиена со помош на електронски микроскоп.

Омикрон првпат беше откриен на 24 ноември во Јужна Африка. Почетните студии покажаа дека е потенцијално повеќе пренослив од другите варијанти.

Научниците по медицина, вклучително и патолозите и вирусолoзите, успеале да направат електронска микроснимка на клетките на бубрезите на мајмун (Vero E6) откако бил заразен со сојот омикрон.

Универзитетот објави слики со мало и големо зголемување.

При малото зголемување, фотографијата покажува оштетување на клетките со отечени везикули кои содржат мали црни вирусни честички, објасниле истражувачите. Големото зголемување покажува агрегати на вирусните честички со шилци во облик на коронавирусот на нивната површина.

Според извештаите, истражувачите од Одделението за микробиологија на Универзитетот во Хонг Конг успеале да го изолираат омикронот од клиничките примероци, што ќе овозможи развој и производство на вакцини против новиот сој.

Сојот омикрон првпат беше откриен во Јужна Африка кон крајот на ноември. Омикрон содржи повеќе мутации на шилестиот протеин – 32 – од сите претходни варијанти, што значи дека би можел да го попречува имунолошкиот одговор на телото и полесно да се шири.

 

 

Видео на денот