ФОТО | Каде исчезна ќелавоста? Принцот Вилијам има бујна коса во новиот портрет
Принцот Вилијам ја краси насловната страница на престижното списание „Татлер“, но детаљот што го привлече вниманието на сите беше неговата прилично бујна коса. Новиот портрет продолжува долга историја на уметничко разубавување на членовите на кралското семејство, вешто игнорирајќи ја вистинската борба на принцот со опаѓањето на косата, пишуваат странските медиуми.
Препорачано
Портретот од нигерискиот уметник Олуволе Омофеми ќе го краси јунското издание како дел од годишната серија „Комонвелт“. Иако принцот Вилијам почна да ја губи косата во раните дваесетти години, тема за која дури и неговиот помлад брат Хари јавно го задеваше во своите мемоари, уметникот се одлучил за многу поласкав портрет на идниот монарх. На сликата, Вилијам позира во темно сино одело поставено на впечатлива жолта позадина.

Ова не е првпат Омофеми да ги „разубави“ членовите на британскиот двор. Пред четири години, тој ја наслика покојната кралица Елизабета II со необично темна коса и младешко лице.
Уметникот, чие дело е богато со живи бои инспирирани од неговото воспитување во Нигерија, во тоа време рече дека слика „за мојата генерација и оние што допрва треба да се родат, за цела Африка“. Неговото дело е само последното во серијата портрети нарачани од списанието, по прикажувањата на кралот Чарлс и кралицата Камила и неодамнешниот портрет на принцезата од Велс.


