ФОТО | „Јелена на апарати“: Регионот зборува за Новак и Северина, за сѐ е виновна една фотографија

Фото: Инстаграм/EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ се најде во центарот на вниманието на таблоидите поради неговите активности на социјалните мрежи и зачестените реакции на фотографиите на популарната хрватска пејачка Северина Вучковиќ.

Исто како и минатата година, Ѓоковиќ беше принуден да ги пропушти турнирите во Индијан Велс и Мајами, бидејќи законот во САД сè уште не дозволува влез во земјата за оние кои не биле вакцинирани против коронавирусот. Така српскиот тенисер се најде на непланиран одмор од обврските, па јавноста се концентрираше на неговите активности надвор од теренот, пишува „Блиц“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Обожавателите на Ѓоковиќ ги забележаа неговите зачестени реакции на објавите на популарната хрватска пејачка Северина Вучковиќ, поради што се најде на мета на регионалните таблоиди.


На социјалните мрежи се појавија фотографии од српскиот тенисер кој ја следи секоја објава на една од најпопуларните пејачки во регионот и става „лајк“ на секоја објава.

Меѓу објавите кои ги означи дека му се допаѓаат се најде и провокативната фотографија на Северина од Малдивите, а таа реакција покрена лавина од коментари во кои многумина го забележаа неговото присуство на профилот на атрактивната Хрватка.


Многу регионални таблоиди се прашуваа дали зад тие лајкови се крие нешто повеќе и дали сопругата на Новак, Јелена, знае колку е тој активен на социјалните мрежи.

ФОТО | „Таа е една од најубавите жени од Вардар до Триглав“: Дали архитектот Миро е новото момче на Северина?

„Прегрнати“: Северина со реакција за дружбата на нејзините бивши

Северина за физичката пресметка со сестра ѝ: Жалам што ја посрамотивме мајка ми пред соседите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот