Северина за физичката пресметка со сестра ѝ: Жалам што ја посрамотивме мајка ми пред соседите

Северина и нејзината мајка Ана Вучковиќ
Северина и нејзината мајка Ана Вучковиќ / Фото: Инстаграм, Северина Вучковиќ

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ за првпат проговори за физичката пресметка со нејзината сестра Маријана Поповиќ во август минатата година, инцидент за кој зборуваше целиот регион.

Во разговор за српскиот медиум „Стори“, таа сподели за што најмногу жали во врска со таа семејна ситуација.

„Единствено жалам што мојата 86-годишна мајка се посрамоти пред соседите“, се осврнала Северина на својата мајка Ана која била сведок на настанот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Северина објасни и дека тоа е „важно за постарите луѓе“.

„Не постои семејство кое нема своја приказна. Само тие остануваат како лузни во длабочините на семејното срце, а моите на насловните страници. Ние не ги избираме нашите роднини, наше е да ги сакаме и да им помогнеме – какви и да се“, објаснила 50-годишната пејачка.


Како потсетување, Северина доби пријава од нејзината сестра Маријана, која тврдеше дека пејачката физички ја нападнала.

Според пријавата на сестра ѝ, Северина ѝ се нафрлила пред очите на нивната мајка Ана во еден часот по полноќ, при што жестоко се бореле и удирале по целиот стан. По тепачката, Северина заминала од станот, а Маријана се упатила во болница, каде што ѝ била укажана лекарска помош за лесни повреди.

Дванаесет часа подоцна, пејачката беше уапсена на аеродромот во Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот