ФОТО | Иванка Трамп блесна на забавата на синот на најбогатиот Индиец: Се појави во раскошна традиционала индиска облека

Фото: Instagram / ivankatrump

Иванка Трамп на својот инстаграм-профил покажа фотографии и видеа од предсвадбената прослава на синот на најбогатиот Индиец, Анант Амбани и неговата избраничка Радика Мерчант.

Таа за оваа церемонија отпатува во Индија со нејзиниот сопруг Џаред Кушнер и нивната ќерка. Прославите беа раскошни, пречекувајќи ги гостите на тридневно искуство организирано во текот на викендот.

Фото: Instagram / ivankatrump
Фото: Instagram / ivankatrump

„На Анант и Радика им посакувам бескрајна среќа и љубов додека заедно се впуштаат во оваа прекрасна авантура“, напиша Иванка на Инстаграм.

Познатата ќерка на поранешниот претседател на Америка, се појави во раскошни традиционални фустани во сребрена, жолта и бела боја кои ги надополни со луксузен и скап накит.

Фото: Instagram / ivankatrump

Инаку, на прославата пееше Ријана, за чиј настап наводно добила 5 милиони евра. Заедно неа, на прославата настапи и американскиот магионичар Дејвид Блејн, а во храмскиот комплекс беа одржани традиционални церемонии. Иако предсвадбената прослава траеше три дена, официјалната венчавка ќе се одржи дури во јули. Информациите за венчавката сè уште не се познати.

Фото: Instagram / ivankatrump

За потсетување, Анант Амбани (28) е син на Мукеш Амбани, шеф на индискиот конгломерат Reliance и најбогат човек во Индија, со нето богатство според Форбс од 114 милијарди долари.

Фото: Instagram / ivankatrump

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот