ФОТО | Италијанскиот сон му се претворил во кошмар откако купил куќа за само едно евро
Да ви понуди некој вила среде Италија за само едно евро, веројатно не би размислувале двапати пред да прифатите. Овој концепт е добро познат во земјата на Апенинскиот Полуостров, а медиумите често се полни со приказни за луѓе кои купуваат недвижности за едно евро и потоа ги преуредуваат.
Препорачано
Поскапо отколку да купите нова куќа
Сепак, реалноста не е секогаш „мед и млеко“. Концептот е особено привлечен за странците, пред сè за Австралијците и Американците, кои се соочуваат со огромни цени на недвижностите во сопствените земји. Изборот на прв поглед изгледа очигледен, да се ставите под огромен финансиски притисок за тесен стан во Сиднеј или Њујорк, или да уживате во италијанска вила која постепено ќе ја реновирате.
Сепак, оние кои се впуштија во оваа авантура велат дека реалноста е далеку од идилична и многу поскапа отколку што кој било замислува.

Бирократија, рокови и скриени трошоци
Павел Дуракијевиќ, кој живее на Сицилија веќе осум години, објаснува дека кога ќе се земат предвид таксите, бирократијата и вистинските трошоци за обнова, тоа едноставно не е добра идеја.
„Купувате куќа за едно евро, но истовремено плаќате депозит од 3.000 до 5.000 евра и се обврзувате на целосна обнова во рок од две до три години. Ако не завршите навреме, го губите депозитот“, вели тој.
View this post on Instagram
Најчестиот проблем е што овие куќи се всушност рушевини во центрите на старите историски гратчиња, а објектите се под заштита на културното наследство. Потребни се бројни дозволи пред воопшто да се започне со работа, а италијанската бирократија може да направи процесот на одобрување да трае со години. Така, можете да го изгубите депозитот пред воопшто да „удрите прв клин“.
„Замка“ за наивните
Џајла (25) од Флорида пристигнала во Италија за да го оствари својот европски сон, но набрзо се откажала поради бирократските пречки во гратчето Мусомели на Сицилија. Само трошоците за документацијата ја чинеле повеќе од 5.000 евра.
„Колку и да мислите дека ќе платите, удвојте ја сумата за секој случај“, предупредува таа.
И покрај сите мани и предупредувања, програмата „Куќа за едно евро“ (1 Euro Houses) и понатаму е исклучително популарна на социјалните мрежи. Веб-страниците кои нудат вакви имоти имаат над 50.000 посети дневно, а само во Мусомели се продадени повеќе од 125 куќи откако градот се вклучи во програмата во 2017 година. Сепак, пред да сакате да вложите во ваква инвестиција, добро проверете дали вашето „едно евро“ на крајот ќе ве чини стотици илјади.


