ФОТО: Италијанката Дилета Леота и турскиот заводник Кан Јаман „фатени“ на луксузна јахта во Бодрум

кан јаман, дилета леота
Фото: Принтскрин / Instagram

Познатата италијанска спортска новинарка Дилета Леота ужива во летниот одмор со своето момче, турскиот актер Кан Јаман во неговата родна Турција.

29-годишната Дилета и 31-годишниот актер беа фатени од папараците на луксузна јахта во Бодрум. Судејќи според фотографиите, парот не можел да се воздржи од размена на страсти на отворено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Magazin Güneşi (@magazingunesi)

Имено, Кан ја објави првата заедничка фотографија со Дилета на почетокот на февруари годинава, со што ги потврди гласините за нивната романса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Can Yaman (@canyaman)

Според италијанските медиуми, турскиот заводник дошол во Италија заради снимањето на реклама за тестенини и серијата „Сандокан“. Повеќето луѓе биле убедени дека односот помеѓу актерот и новинарката е само маркетиншки трик, но на крај не излезе така. Очигледно е дека овој пар навистина ужива во меѓусебното друштво.

Сепак има нешто повеќе од пријателство: Златан и Дилета биле на тајна вечера на Сардинија, а ги чувало обезбедување

За потсетување, минатото лето атрактивната новинарка ја поврзуваа со популарниот фудбалер, Златан Ибрахимовиќ. Сè беше дополнително зачинето со веста за нејзината разделба со боксерот Даниеле Торето Скардино.

Дилета е една од омилените новинарки во Италија со години, но и во странство. Покрај тоа, таа беше прогласена за една од најубавите жени во нејзината индустрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот