ФОТО | Италија во шок: Светски познатата инфлуенсерка на „Санремо“ се појави „гола“ на сцената

Фото: Профимедиа

Италија остана во шок кога на сцената на најпрестижниот музички фестивал „Санремо“, Кјара Ферањи се појави „гола“.


Кјара Ферањи е една од највлијателните инфлуенсерки и модна блогерка, не само во родната Италија, туку и во целиот свет. Токму затоа вчера ѝ беше доделена честа да се појави во улога на водителка на најважната сцена во Италија. Фестивалот кој опстојува веќе 72 години и е најдолготраен музички фестивал во светот и едно од надолготрајните телевизиски проекти во светот, оваа година приреди шокантно модно издание за сите кои го следат. Ферањи ја искористи оваа прилика да испрати конкретни пораки до публиката.

Убавата Италијанка во улога на водителка вечерта се појави во четири модни изданија, сите потпишани од „Диор“, едно од најголемите имиња во модниот свет. Креациите се направени во соработка со Кјара и нејзината стилистка Фабија Матија Домато. Првиот изглед беше гламурозен, елегантен и раскошен црн фустан инспириран од традиционалниот гламур на „Диор“, искомбиниран со долги ракавици, но акцентот беше ставен на белата наметка на која имаше испишан моќен слоган „Pensati libera“ или „Изрази се слободно“. Модната блогерка и модел ја објасни пораката како манифест кој се надева дека ќе ги инспирира жените да се чувствуваат слободно, да излезат од улогите кои им ги наметнува општеството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by elvira iannaccone (@iannacconeelvira)


Најголем шок кај публиката предизвика нејзиниот „гол“ изглед, односно фустанот кој создава илузија на голотија. Кјара на сцената се појави во проѕирен фустан на кој беше исцртана силуета на женско голо тело. Од креативниот тим кој го изработил фустанот ја објаснуваат пораката која сакале да ја испратат, дека треба да се сврти вниманието кон вистинската вредност на жените, и да се ослободат од срамот кој потекнува уште од првата жена на светот – Ева.


Оваа илузија на голотија требало да потсети на рамноправноста и правото на жените да располагаат со своето тело без да бидат осудувани и да чувствуваат вина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni)

Таа е најмоќната инфлуенсерка во светот и носи чанта од 432.000 долари!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот