ФОТО | Интолеранција на голотија: На концептуална изложба во Бања Лука реагирала полицијата

изложба бања лука уметност акт голо тело
ФОТО: Инстаграм

Дури и кога станува збор за уметност, голо тело секогаш предизвикува бурни реакции во јавноста. Па, така во Бања Лука поради изложба реагирала полицијата.

Перформансот на двајца голи уметници во прозорец на галеријата „Бања Лука Плус“ бил вовед во отворањето на изложбата „Интер/Акција“. Сè уште не е јасно дали некому му засметал призорот, но полицијата ги посетила уметниците.

„Полицијата направи истрага. Не знам дали имаше некои анонимни поплаки, но го завршивме настапот со аплауз“, изјавила директорката на „Музејот за современа уметност“, Сарита Вујковиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GalerijaPLUS (@galerijaplus)

„МСУ РС“, во соработка со „Академијата за ликовни уметности на Универзитетот во Бања Лука“, „Факултетот за ликовни уметности“ и „Одделот за историја на уметност на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград“, ја отвориле изложбата „Интер /Акција“, која била презентирана во изложбениот простор „Галерија Плус“.

„Изложбата беше отворена со настап на уметник кој инаку е постдипломец во Белград. Тоа е дело што во основа одговара на историјата на уметноста, во смисла дека голите тела биле присутни низ историјата на уметноста, од антиката до денес, а начинот на изведување алудира на барокната уметност и всушност се базира на телото како медиум за изведување на уметничко дело“, вели Сарита Вујковиќ.

Извор: „SrpskaInfo“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот