Бритни Спирс / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

ФОТО | Им кажа сè во лице: Бритни Спирс испрати саркастична порака до своето семејство за Божиќ

Поп-ѕвездата Бритни Спирс објави саркастична порака на социјалните мрежи кон нејзиното семејство, кратко откако нејзината сестра Џејми Лин сподели семејни фотографии од божиќна забава на која пејачката не присуствуваше.

Според „Ти-ем-зи“, Бритни ги поминала празниците со својот помлад син, 19-годишниот Џејден Џејмс. Нејзиниот постар син, 20-годишниот Шон Престон, славел со остатокот од семејството: сестрата на Бритни, Џејми Лин, нејзиниот сопруг Џејми Вотсон и мајката Лин Спирс. Шон Престон наводно морал да остане во Луизијана поради работа и се појавил на семејна фотографија.

Бритни се огласи на својот инстаграм-профил со објава во која пишуваше: „Среќен задоцнет Божиќ на моето прекрасно семејство кое никогаш не ме омаловажило, не ме повредило, не направило ништо сосема неприфатливо или ми предизвикало неверојатна траума – онаква каква што не може да се поправи… на моето драго, мило, невино семејство… Многу ми е жал што бев зафатена овој Божиќ, но дефинитивно ќе се вратам наскоро да ве изненадам… Едвај чекам… поздрав, прекрасна Ајви… само сакам да ве прегрнам, љубов моја… Среќно, пријатели.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

ВИДЕО | Што се случува со Бритни? Пејачката објави видео во костим за капење, a она што го напиша ги загрижи сите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот