ФОТО | Игор Џамбазов: Земјотресот и јас сме врсници

игор џамбазов
Игор Џамбазов / Фото: Instagram

Омилениот актер и шоумен на многу генерации, Игор Џамбазов  на својот инстаграм – профил постојано објавува фотографии од неговиот приватен живот, спомени од минатото, фотографии и пораки посветени на семејството, пријателите, колегите, но и на непријателите.

Актерот на својот инстаграм – профилот сподели стара фотографија од неговото детство, поточно од неговите први денови живот како новороденче.

Само што сум дошол на овој свет, со мама од болница сме се вратиле дома, а тато не можел да ми се изнарадува. Поминале точно 11 дена…и тогаш, земјата се отворила, како да сакала да не проголта. Земјотресот и јас сме врсници, стои во објавата на Игор.

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога се разбуди во урнатини под кои 1070 лица го загубија животот, а 3000 беа повредени.

И оваа година поради корона – пандемијата одбележувањето ќе биде според строгите мерки протоколи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот