ФОТО: Ибра на сите соиграчи во Милан им купи ист подарок!

Фото: facebook.com/ACMilan

Златан Ибрахимовиќ и натаму е омилена личност во соблекувалната на италијанскиот фудбалски клуб од „Сан Сиро“.

Не само што и на 39 години игра фантастично, лидер и оваа сезона кај „росонерите“, туку и со сите соиграчи има одлични односи и често се обидува да ги изненади.

Овој пат Швеѓанецот на сите фудбалери во Милан им купи ист специјален подарок и им го испрати на домашна адреса.

Сите го добија новиот „Плејстејшн 5“ кои секако можат да го купат сите играчи на Милан (околу 500 долари), но Ибра беше побрз од сите во пазарењето пред производот да биде светски хит.

Нема што, навистина капитенски од Ибрахимовиќ, а кој знае можеби сега ќе ги предизвика и во видео игра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот