(ФОТО) „И жените прдат“: Инфлуенсерот Бомбакис со нова порака, но овој пат некоја дама го држи картонот!

Фото: Принтскрин / Instagram

Дали го знаете инфлуенсерот Кристијан Станковски? Момчето со темни очила и брада попознат како Бомбакис кој на своите фотографии од социјалните мрежи во рацете држи парче картон на кое секогаш е испишана некоја кратка, но забавна или поучна порака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bombakis (@bombakis)

Овој пат на профилот на Бомбакис се појави фотографија со нова порака, но парчето картон овој пат не е во рацете на Кристијан туку на една непозната млада дама.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bombakis (@bombakis)


„И жените прдат“, се зборовите кои овој пат се напишани на уште едно парче картон. Лага или вистина?! Под објавата на Кристијан која успеа да расположи многумина непрекинато се редат нови коментари. Фотографијата собра повеќе од 2000 лајкови по само еден час од објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bombakis (@bombakis)


Нема потреба да се срамите, наши сме си, стои во описот на фотографија на која наместо Кристијан, една убава дама го држи парчето картон на кое е испиша забавната порака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bombakis (@bombakis)

Која е дамата на фотографијата и дали ќе го менува Кристијан и понатаму? Како и секогаш ќе бидеме трпеливи и веруваме дека Кристијан ќе ни открие, а може да напише и на ново парче картон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот