ФОТО | Хари Стајлс е муза на познатиот уметник: Портретот ќе му биде изложен во галерија во Лондон

Фото: Instagram/ britishvogue

Минатата година, светски познатиот британски уметник Дејвид Хокни ја насликал поп-ѕвездата Хари Стајлс во текот на два дена во неговото уметничко студио во Нормандија, Франција, пишува „Јуроњус“.

Фотографијата која неодамна беше објавена на социјалните мрежи го покажува 29-годишниот пејач со разиграна насмевка, облечен во портокалов и црвен џемпер со линии, ѓердан со бисери и сини фармерки. На фотографијата 86-годишниот уметник Хокни е забележан како пуши цигара, додека ги прави завршните потези на портретот. Конечното уметничко дело е во техника акрил на платно, со димензии 120 на 91 сантиметар.

Фото: Instagram/ nationalportraitgallery

Уметничкото дело е меѓу повеќе од 30 нови портрети на познатиот уметник, што ќе бидат прикажани за првпат кога ќе се отвори претстојната изложба на Дејвид Хокни „Цртеж од животот“ на 2 ноември во лондонската „Национална галерија на портрети“.

Иако Стајлс се смета како еден од најпознатите поп-идоли на светот и се појави на насловната страница на „Вог“, уметникот во едно интервју ноншалантно рекол дека младиот пејач за него е „само уште една личност која дошла во студиото“. Додека пак, Хари со особено воодушевување зборувал за Хокни.

 „Беше целосна привилегија да бидам насликан од него“, изјавил Хари.

Други портрети кои ќе бидат изложени во Националната галерија на портрети, во Лондон, вклучуваат портрети на покојната мајка на Хокни, Лора Хокни; неговиот ценет моден дизајнер, Селија Биртвел; неговиот поранешен партнер, Грегори Еванс; и разни луѓе од локалната заедница на Нормандија.

Дејвид Хокни Фото: Not known / News Licensing / Profimedia

Оваа изложба претходно ги красеше салите на Националната галерија на портрети во краток, 20-дневен период во 2020 година, бидејќи беше одложена поради пандемијата.

ФОТО | Заработил 530 милиони евра: Турнејата на Хари Стајлс меѓу првите 10 на сите времиња

ВИДЕО | Хари Стајлс погоден во око за време на настап во Виена: Уште една жртва на бизарниот тренд

ВИДЕО | Хари Стајлс го прекина концертот за бремена обожавателка да оди во тоалет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот