ВИДЕО | Хари Стајлс погоден во око за време на настап во Виена: Уште една жртва на бизарниот тренд

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Пејачот Хари Стајлс е последната жртва на опасниот тренд во кој артистите ги погодуваат случајни предмети додека настапуваат на сцената. Тој беше погоден со предмет во лицето додека настапуваше во Виена на 8 јули, пишува „Билборд“.

На видеото споделено на интернет од концертот на стадионот Ернст Хапел се гледа како поп-ѕвездата оди по сцената, пред некој предмет да одлета и да го удри во близина на окото.
Откако бил погоден од предметот, може да се види како Хари прави болни гримаси и се наведнува, држејќи го лицето со рацете.

Миријам, обожавателка од Германија која била на шоуто во Виена, изјавила дека пејачот бил погоден откако ја испеал „Sign Of The Times“, првата песна на бис.

„Сè уште често го допираше неговото лице. Изгледаше дека има многу болки. Изгледа како да мораше да се собере, а потоа се врати кај публиката и продолжи со настапот“, рекла таа.

Имено, во последно време многу музички ѕвезди имаа непријатни ситуации за време на нивните настапи. Пејачката Бебе Реџа минатиот месец ја погодија со мобилен телефон во окото за време на нејзиниот концерт во Њујорк, каде се здоби со повреди на главата. Претходно за време на настап беше погодена и американската кантри пејачка Келси Балерини.

Потоа следеше напад на пејачката Ава Макс, на која на настап во Лос Анџелес непознат маж ѝ удри шлаканица, а пред неколку дена имаше обид да го погодат и раперот Дрејк со мобилен телефон во Чикаго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот