ФОТО | Заработил 530 милиони евра: Турнејата на Хари Стајлс меѓу првите 10 на сите времиња
Британскиот музичар Хари Стајлс има изведено дури 169 концерти како дел од неговата „Love on Tour“ во последните 23 месеци, а последниот го одржа во Италија. Атмосферата од концертите може да се види на видеата од неговите концерти на социјалните мрежи, а сега знаеме и колку Хари заработил од оваа турнеја.
Препорачано
Имено, 29-годишниот музичар со турнејата заработил 590 милиони долари (530 милиони евра), со што неговата турнеја е една од најдобрите десет на сите времиња.
Го слушале околу 4,7 милиони фанови, а се најде на четвртото место на листата Билборд Бокскор (Billboard Boxscore), веднаш зад „Ју Ту“ и Ед Ширан, со турнејата што траеше од 2017 до 2019 година.
Елтон Џон е на врвот на листата со турнејата која му донесе 900 милиони долари со одржани 330 концерти. Оваа листа ги вклучува и „Ганс енд роузис“, „Колдплеј“ и „Ролин стоунс“.
Големите ѕвезди како Бијонсе и Тејлор Свифт се на турнеја оваа година, па се очекуваат значителни промени во листите. Според некои претпоставки, Тејлор треба да стане првиот уметник чија заработка од турнејата надмина една милијарда долари.
Тејлор со еден концерт на турнејата заработува 13 милиони долари, а билетите денес се поскапи од пред неколку години. Просечната цена за концерт на Тејлор Свифт сега е околу 250 долари.









