ФОТО | Градинар и планинар, а подготвува и книга за билки: Дворот на Среќко во Теарце е огледало на неговата душа!

Фото: Приватна архива

Денес разговараме со Среќко Сибиновски (64) од тетовското село Теарце, каде што – се разбира – се наоѓа и неговиот дом со прекрасен двор распослан на околу 200 квадрати, поделен на две нивоа. Сибиновски со холтикултура се занимава од многу одамна, уште како ученик во средно училиште, а љубовта кон цвеќињата ја наследил од неговата тетка, по мајка.

фото – приватна архива

– Секоја година одгледувам разнолични цвеќиња, почнувајки од сардели, кактуси, дојранчина, петунии, како и многу други видови, а одгледувам и цвеќиња во саксии, – вака ја започна својата градинарска приказна нашиот соговорник, кој освен кон цвеќињата гаи и огромна љубов кон планините.

Денес, како искусен градинар, и воопшто љубител на природата, Среќко најголем предизвик гледа во тоа да објави книга за лековити билки. Книгата е веќе во фаза на подготовка, со обирање на материјали.

Инаку, Среќко по професија е униформиран полициски службеник, односно полицаец, а од 2009 година е во пензија.

Среќко планинари од 2010 година и тоа активно во планинарски клуб Љуботен од Тетово и поминал доста места, искачил многу врвови, а повеќето на Шар Планина која особено му прави задоволство и каде се релаксира уживајќи во мирисот и убавината на цвеќињата и природата.

– За мене Шар Планина преставува убавица над убавиците, раскошна, бидејќи над 2000 емдемски растенија и лековити билки сами опстојуваат токму тука. Со оглед на тоа што познавам доста видови билки и нивните својства, најмногу ги берам…

Целиот текст и фотографиите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот