ФОТО | „Големите умови исто размислуваат“: Канје Вест ја ископира Јелена Карлеуша
Српската музичка ѕвезда Јелена Карлеуша неодамна му послужи како инспирација на контроверзниот рапер Канје Вест. Имено, тој го ископира нејзиниот изглед од 2010 година , а пејачката со тоа се пофали на социјалните мрежи.
Препорачано
Познатиот рапер на фотографијата која ја сподели Карлеуша, облечен е во црно од глава до пети, исто како поп-дивата пред дури 14 години, додека на челото носи црна маска со Исус распнат на крст, исто како неа.

„Големите умови исто размислуваат“, напишала Јелена под нејзината објава.
Модната комбинација на Канје стана вирална на социјалните мрежи, а многумина искоментираа кака Јелена е секогаш пред времето.
„Премалку ја цениме Јелена Карлеуша“; „Жена пред своето време“; „Оваа жена заслужува светска слава“;, „Никој како ЈК“, се дел од коментарите.
Инаку, Канје се појави во оваа модна комбинација на Супербол 2024 заедно со својата сопруга Бјанка Ценсори. Како што пренесуваат странските медиуми се работи за маска од Александар Меквин од колекцијата од 1996 година.
@therealtammy2.0 Kanye West Alexander McQueen Jesus Mask ? #kanyeWest #Kanye ♬ MISS MISS WESTY – yeezyupdates


