ФОТО | Гоца Тржан се „справува“ со ќерката тинејџерка: „ Ма, каква бев јас како млада, таа е дури и супер!“

Гоца Тржан/Instagram
Гоца Тржан/Instagram

Српската популарна пејачка откри дека нејзината ќерка единица го направила својот избор на професија, и дека во денешно време е навистина тешко да се изведат децата на прав пат.

Без оглед на тоа што безуспешно пробуваа да добијат второ дете со ин-витро таа и нејзиниот партнер, пејачката Гоца Тржан сепак на годината што измина гледа со насмевка – пренесуваат од „Blic“

„Ова беше убава година, без оглед на сите околности. Започнав многу нови работни обврски, а и кариерата ми се развива во добар правец. Фала богу сум здрава, имав и убави патувања, за жал не многу, но колку што дозволуваа околностите, патував. Имав преубаво венчавање во црква по шест години граѓански брак со Раша“. – вели таа за изминатата година.

Таа од првиот брак со Иван Маринковиќ ја има ќерката Лена која сега влегува во пубертет и се „бори“ со нејзините „бубачки“. Сепак вели дека нема поголеми проблеми, како и секој друг родител.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan)

„Каква бев јас кога бев колку неа, па таа е дури и супер! Јас во тие години многу се спротивставував на авторитетите драстично дури и страшно. Кога зборуваме за пубертет, ги разбирам родителите затоа што времињата денес не се баш лесни, мораш малку повеќе да се занимаваш со сопствено дете – вели пејачката која призна дека со ќерката разговараат отворено и дека често нема одговори на некои од нејзините прашања.

„Многу е емпатична и сака да зборува. Глупаво е да кажам дека е интелигентна, но е. Тоа сигурно не е на мене“ – низ смеа вели пејачката.

Гоца исто така вели дека секое време носи свои предизвици, но најважно е да се посветиме на децата.

„Тешко е да се воспитуваат деца, тоа е најдобрата работа што можеш да ја имаш во животот, но и единствена работа што кога ќе те нема, ќе остане позади тебе. Можеш да купуваш станови, да собираш пари… ништо од тоа нема да си замине со тебе. Но, твоите деца ќе се однесуваат и ќе постапуваат онака како што ти си ги воспитал и оставил вредности во нив, тоа е духовно наследство“.

 

ВИДЕО + ФОТО: Гоца Тржан и Раша кажаа „ДА“ пред Бога

ФОТО | Гоца Тржан и нејзиниот сопруг ја слават љубовта како на почетокот: „Само со тебе се чувствувам слободна, те љубам засекогаш“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот