ФОТО | „Го сруши интернетот“: Откако го смени личниот опис, Лизо гордо се соблече во бикини
Пејачката Лизо со месеци се обидува да ја доведе својата фигура во ред, како поради изгледот така и од здравствени причини, а на социјалните мрежи често покажува како напредува во текот на овој голем предизвик.
Препорачано
По различните фотографии кои ги објави, дојде време и за фотосесија во костим за капење, кој најдобро покажува дека Лизо одлично напредува со слабеењето и дека килограмите полека но сигурно се „топат“.
View this post on Instagram
„Изгледаш премногу добро!“, „Можеш ли да ни ги споделиш деталите од тренингот?“, „Одлично е што го правиш тоа природно“, „Го сруши интернетот!“, се само дел од коментарите под објавата на пејачката.
И додека напорно работи и се обидува да се ослободи од вишокот килограми, многумина сè уште ја обвинуваат дека слабее со помош на хемикалии, поточно познатиот Оземпик, за кој се зборува со месеци и со кој многу познати личности го „растопија“ вишокот на килограми.
Лизо претходно проговори за овие гласини, наведувајќи дека нејзината тежина е резултат на напорно вежбање, желба и волја.
„Кога ќе те обвинат дека користиш Оземпик по 5 месеци вежбање со тегови и дефицит на калории. Тоа доаѓа како награда“, напиша пејачката во еден од претходните постови на социјалните мрежи.


