ФОТО | Германски град како од бајка го спасил пијан градоначалник: Од таму е пресликана куќата на Пинокио

Фото: Pixabay/ Zachtleven

Ротенбург об дер Таубер, живописен град во Баварија, се наоѓа на „романтичната рута“ помеѓу Вирцбург и Баварските Алпи и често се споменува како најубав град во Германија.

Малиот град во кој живеат повеќе од 11 илјади луѓе изгледа буквално како од бајка. И всушност тоа е. Тој го инспирирал тимот од „Дизни“ кога „граделе“ многу места каде што живеат нивните херои, а куќата на Пинокио била буквално прецртана од Ротенбург.

Прошетката низ историскиот центар на Ротенбург е колоритно патување низ историјата. Улиците со калдрма и шарените куќи со вкрстени греди наредени по кривулестите улички потсетуваат на важноста на средновековниот Ротенбург, чиј развој го достигна својот врв во 15 век.

Фото: Pixabay/ Marjonhorn

Малиот град е опкружен со ѕидини, кои денес нудат убава прошетка од четири километри. Турата обично започнува на една од петте градски порти, Rödertor. Во ѕидините има 42 кули, а во некои од нив можете и да се влезе. Кај кулата Коболцел, можете да се упатите кон срцето на градот, и неговиот најфотографиран дел – стариот кварт на Пленлајн.

На само неколку минути пешачење од таму се наоѓа средновековниот музеј на злосторства и справи за мачење, најголемиот од ваков вид во Европа. Во близина е уште еден многу посебен музеј, германскиот божиќен музеј, каде Божиќ се слави преку целата година. Кога ќе се спојат магијата на Ротенбург во ноември и неговиот познат Reiterlesmarkt во декември, Ротенбург навистина станува зимска бајка.

Фото: Wikimedia Commons

Но, без разлика во кое годишно време сте таму, сигурно ќе го сретнете градскиот ноќен чувар во црна наметка, кој ќе ви каже бројни анегдоти од долгата историја на градот. Ќе ви кажат и дека најголемите непријатели на градот биле пијаниците – затоа што ќе заспиеле додека биле на стража, па градот можел да изгори во момент на невнимание.

Но, затоа, како што вели историјата, Ротенбург бил спасен од пијан градоначалник. По поразот во Триесетгодишната војна, во 1631 година градот бил ослободен благодарение на тогашниот градоначалник кој го прифатил предизвикот на непријателот да испие повеќе од три литри вино во една голтка. Бокалот се наоѓа во колекцијата на Царскиот градски музеј, а споменот на тој настан живее и денес преку изведбата на претставата Der Meistertrunk (Голтката на мајсторот), која традиционално се игра на Денот на сите души.

Фото: Пекселс/ jasmin-kaemmerer
Фото: Пекселс/jiatong-tian
Фото: Pxhere

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот