ФОТО: Георгина Родригез позираше пред приватен авион, еден скапоцен детаљ го привлече вниманието на многумина

Instagram

Вереницата на фудбалерот Кристијано Роналдо, Георгина Родригез ужива во благодетите на животот.

27-годишната аргентинската инфлуенсерка е активна на социјалните мрежи особено на „Инстаграм“, каде постојано ги информира своите 24 милиони следбеници за своите професионални ангажмани, а и приватни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Така, Родригез неодамна се пофали дека заминува во Париз. Таа на својот инстаграм-профил сподели фотографија на која позира пред приватен авион во опуштено издание. Носеше фармерки, кошула и патики, а вниманието привлече нејзината чанта.

Instagram
Instagram

Во раката држеше ултра луксузна чанта од брендот „Хермес Биркин“ направена од портокалова крокодилска кожа која чини околу 70 илјади долари.

Георгина неодамна потпиша договор со „Netflix“ за новo шоу кое едноставно ќе се вика „Георгина“. Полу документарното, полу ријалити шоу ќе го следи нејзиниот секојдневен живот и ќе ни даде увид во семејната динамика со светски познатиот фудбалер Кристијано Роналдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот