ФОТО | Гастрономско уживање од Дијана Иваноска — бисквитни путер колачи со јагоди
Дијана Иваноска со својот талент за комбинација на вкусови нè носи на едно исклучително гастрономско патување. Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови.
Препорачано
Инвентивната Дијана денеска споделува рецепт за едно гастрономско уживање – бисквитни путер колачи (scones) со јагоди.
Состојки
- 250 грама јагоди исечкани
- 280 грама брашно
- 50 грама шеќер
- 10 грама прашок за печиво
- 1/4 лажиче сол
- 80 грама путер ладен и исечкан на коцки
- 1 јајце
- 120 мл јогурт
- 1 јајце за премачкување или млеко
- шеќер за посипување

Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Обложете тавче со хартија за печење.
Во подлабок сад измешајте го брашното, шеќерот, печивото и солта.
Додаjте го ладниот путер и тријте го во брашното додека добиете ронлива смеса.
Измешајте ги полека јагодите низ брашното.
Соединете ги јогуртот и јајцето и додајте ги на смесата. Измешајте додека се спои убаво.
На набрашнета работна површина натапкајте го нежно тестото и оформете диск 20 цм. Поделете го тестото на осум триаголници.
Наредете ги на тавчето и премачкајте ги со изматено јајце или со млеко. Наросете крупен шеќер одозгора за да добиете крцкава кора (опционално).
Печете 20-30 минути или додека добие убава боја.
Послужете ги како што се или со прелив по желба.


