ФОТО: Фудбалерите се собраа пред дуелите со Ерманија и Исланд во квалификациите за СП 2022

Репрезентативците со денешниот собир и официјално го означија стартот на подготовките пред последните два натпревари од квалификациите за СП 2022/ фото: ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска ги започна подготовките за последните два натпревари од квалификациите за пласман на СП 2022 година против Ерменија и Исланд и тоа со собирот кој беше во хотелот „Хилтон“.

Селекторот Благоја Милевски за натпреварите против Ерменија на 11. ноември и со Исланд на 14. ноември,  мораше да направи две измени и на местото на повредените Ердал Ракип и на Адис Јаховиќ дополнително ги повика Енур Тотре и Доријан Бабунски.


Првиот официјален тренинг, фудбалерите ќе го имаат од 17 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Фудбалерите по осум одиграни натпревари имаат 12 бодови и се наоѓаат на делба на третото место во групата Ј и имаат бод помалку од второпласираната Романија која се наоѓа на позицијата која носи во баражот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот