ФОТО | Фудбалерите на Барселона ќе носат дресови со логото на новиот албум на Ед Ширан
Во претстојното големо дерби против Реал Мадрид, фудбалерите на Барселона ќе го носат логото на новиот албум на британската поп-ѕвезда Ед Ширан на своите дресови, пишува „ЕСПН“ (ESPN).
Препорачано
На предната страна од дресовите на играчите на Барселона ќе пишува „Play“, што е името осмиот студиски албум на 34-годишниот Ширан, а воедно ќе биде и продолжение на соработката меѓу Барселона и Spotify, која претходно создаде слични соработки со „Ролинг Стоунс“, „Колдплеј“, Дрејк и други.
View this post on Instagram
Дуелот Реал Мадрид-Барселона ќе се игра на 26 октомври. Реал моментално е лидер на табелата во шпанската Ла Лига со 21 бод, додека Барселона заостанува два бода.
„Горд сум што го гледам логото на мојот нов албум на дресот на Барселона. Јас сум голем обожавател на фудбалот и Барселона“, рече Ширан, кој малцински сопственик на англискиот второлигаш Ипсвич, а со оваа соработка е задоволен и напаѓачот на Барселона, Полјакот Роберт Левандовски.
„Некои од песните на Ширан се стандардни на листата со песни што ги слушаме во соблекувалната. Ќе биде убаво да излеземе со логото на неговиот албум на дресот. Музиката и фудбалот ги зближуваат навивачите на моќни начини. Горд сум што ја претставувам таа врска на теренот“, рече Левандовски.
Инспирирана од годината на основање на клубот, Барса ќе пушти во продажба 1.899 дресови во ограничено издание, а исто така ќе издаде и колекција производи инспирирана од иконографијата на „Плеј“.


