ФОТО: Французинот Рејмонд е победник на Охридскиот пливачки маратон, Поп Ацев на третото место

Интересна трка до самиот финиш, на крајот славеше Французинот Аксел Ремон/Фото: facebook.com/SPendarovski

Денеска се одржа јубилејниот 50 Охридски пливачки маратон во кој триумфираше Аксел Рејмонд од Франција со време 5:10.31 часа. на трката долга 25 километри од Свети Наум до Охрид.

На втората позиција се најде Едоардо Стокино од Италија (5:10.32), а на третата позиција се најде Евгениј Поп Ацев од Македонија (5:10.34).

Четвртопласиран беше Холанѓанецот Марсел Шутен, а на петтото место се најде Аргентинецот Матијас Диаз Хернандез.

Во женска конкуренција од седум пливачки славеше Ошан Касињол за комплетирање на француска двојна победа на Охридскиот маратон.

– Може да се каже дека сум задоволен, иако бев блиску до првото место. Трето место е добар успех за мене, со ваква силна конкуренција. Трката беше добра, интересна, до самиот крај се боревме. Одлучуваа неколку секунди, на крајот одлучувачки беше спринтот. На крајот победи најдобриот, Аксел е светски шампион на 25 километри, европски шампион актуелен од годинава, тој беше фаворит и заслужено победи – изјави Поп Ацев за Македонската Радио Телевизија (МРТ).

По 5 часа и 10 минути во Охридското езеро, Французинот Рејмонд прв стигна до целта/ /Фото: facebook.com/SPendarovski
Кај жените триумфираше Касињол Ошан по 5 часа и 16 минути/Фото: facebook.com/SPendarovski
Резултатите од 50 јубилеен Охридски пливачки маратон/Фото: Принтскрин/facebook.com/SPendarovski

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот