Савана и Ненси Гатри / Фото: Профимедиа / Инстаграм

ФОТО | ФБИ го објави киднаперот на мајката на познатата водителка – се нуди награда од 50.000 долари за нови информации

ФБИ објави фотографии од маскирано лице осомничено за киднапирање на мајката на американската водителка Савана Гатри. Службениците се обидуваат да го идентификуваат лицето за кое велат дека било вооружено, по повеќе од осум дена откако 84-годишната Ненси Гатри исчезна од својот дом, пишува „Би-би-си“.

Савана Гатри изјави во понеделник дека нејзиното семејство верува дека нејзината мајка е сè уште жива и упати нов апел до секој што има информации.

– Од утрово, органите за спроведување на законот ги открија овие претходно недостапни нови снимки на кои се гледа вооружено лице кое се чини дека манипулирало со камерата на влезната врата од домот на Ненси Гатри тоа утро во времето на нејзиното исчезнување – рекол директорот на ФБИ, Кеш Пател.

Тој изјави дека властите работат на проверка на снимките од системот за надзор на домот кои „можеле да бидат изгубени, оштетени или недостапни поради различни фактори – вклучително и отстранувањето на уредот за снимање“.

Службениците објавија и две кратки видеа на кои се гледа како едно лице се приближува кон влезната врата од домот на Ненси Гатри, потоа ја проверува камерата, се оддалечува, собира неколку растенија од земјата и ја користи за да го покрие објективот на камерата. Лицето било маскирано со скијачка маска, облечено во јакна и панталони, со црни ракавици и ранец.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека претседателот Доналд Трамп го прегледал видеото и ги повика сите што имаат какви било информации да ги контактираат властите.

„Молитвите на целата Бела куќа се со Савана и нејзиното семејство во овој момент. Се надеваме дека ова лице ќе биде пронајдено наскоро и дека нејзината мајка ќе биде вратена дома безбедно“, рече таа.

ФБИ нуди награда од 50.000 долари за какви било информации во случајот, а семејството изјави дека е подготвено да плати за нивната мајка да се врати безбедно.

Исчезна мајката на позната американска водителка, полицијата се сомнева дека е киднапирана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот