Хејли Бибер на Мет гала 2026 и Каролина Гочева на Евровизија 2002 година / Фото: EPA

ФОТО | Хејли Бибер или Каролина Гочева? Погледнете ја сличноста меѓу креациите

Појавувањето на Хејли Бибер на годинашното издание на Мет гала е едно од најкоментираните, но кај македонските љубители на модата разбуди и едно модно сеќавање.

Златниот, скулптурално обликуван корсет од 24-каратно злато, кој е дел од креацијата на модната куќа „Сен Лоран“, многумина ги потсети на настапот на македонската пејачка Каролина Гочева на Изборот за песна на Евровизија во 2002 година, кога ја претставуваше Македонија со песната „Од нас зависи“.

Тогаш, таа носеше впечатлива креација на дизајнерот Александар Ношпал, исто така со златен корсет.

Иако изгледите не се идентични, сличноста во концептот е очигледна. Кај Бибер, линијата е почиста и поминималистичка, додека кај Гочева фустанот беше посценски и подраматичен. Но идејата е иста – телото да изгледа како скулптура.

Инспирацијата за изгледот на Бибер води директно до колекцијатa на Ив Сен Лоран од 1969 година, создадена во соработка со француската уметница и скулпторка Клод Лалан. Во таа колекција, тие изработиле скулптурални корсети преку техника на метална обработка, со што металот добивал реалистичен, речиси „жив“ изглед.


Овие цврсти, уметнички форми биле комбинирани со лесни, прозрачни фустани, создавајќи силен контраст меѓу тежината и леснотијата, концепт што јасно се препознава и во денешниот изглед на Бибер.

Хејли Бибер / Фото: EPA

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот