Калиопи Хецрг Нови - Фото: Инстаграм/Калиопи

ФОТО | Емотивна ноќ за Калиопи во Херцег Нови  — „Дадов дел од мојата душа“

Македонската поп-дива Калиопи уште еднаш потврди зошто е една од најпопуларните музички амбасадорки на Балканот. На нејзиниот неодамнешен концерт во Херцег Нови, таа приреди ноќ за паметење, исполнета со нови и стари хитови и неверојатна енергија, според сликите и видеата кои се објавени.

Највпечатливиот момент беше појавата на македонското знаме во првите редови. Додека Калиопи ги редеше своите безвременски рефрени, еден од присутните на полниот плоштад го развиори знамето.

Публиката во Херцег Нови во еден глас ги пееше „Бато“, „Црно и бело“, но и поновите нумери. Атмосферата беше интимна, а сепак грандиозна, како што доликува на уметник од нејзиниот калибар.

Калиопи Хецрг Нови – Фото: Инстаграм/Калиопи

Празничниот викенд во Херцег Нови беше обележан со одлични концерти кои го најавија почетокот на главната туристичка сезона и богато културно и фестивалско лето. Регионалната ѕвезда Калиопи настапи пред публика од Црна Гора и регионот на плоштадот Никола Ѓурковиќ. Македонската дива ја поздрави публиката со зборовите: ’Херцег Нови, дојдов да ви дадам дел од мојата душа‘, а потоа ја освои публиката со својот препознатлив вокал и одлична енергија, изведувајќи балади кои се заштитен знак на нејзината кариера, како и песни со побрз ритам.

Калиопи го изрази своето задоволство што настапува во срцето на Херцег Нови, нагласувајќи дека настапот во овој град е посебен момент за неа, кој го доживува како ’одмор околу срцето‘.

’Ова не е првпат да пеам со публика од Херцег Нови, сите мои концерти, настапи и сè е поврзано со овој град сè уште живее во мене до ден-денес. Мислам дека оваа публика знае да цени, да почитува и вистински да сакаа, а потоа луѓето го покажуваат тоа отворено, како што ние Македонците знаеме да правиме“ рече Калиопи, а стои во објавата на Општина Херцег Нови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот