ФОТО: Елмас повторно тренира, но ќе го пропушти и дуелот со Реал Сосиедад!

Откако Наполи пред три дена објави дека е негативен на ковид-19, денеска клубот објави слики од најновите тренинзи, во кои се наоѓа и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Секако, тоа е одлична вест за екипата предводена од тренерот Џенарот Гатузо и селекторот на нашата А селекција, Игор Ангеловски.

Заедно со неговиот тимски колега, Пјотр Зиелински (кој исто така имаше позитивен тест на коронавирус), успешно се опоравија и сега можат повторно да тренираат и се фокусираат на новите предизвици.

Според италијанските медиуми, Елмас и Зиелински ќе го пропуштат и вториот меч на тимот од „Сан Паоло“ во Лига Европа, но можно е да бидат во составот за дуелот в недела во Серија А дома против Сасуоло.

Откако на стартот загубија дома од АЗ Алкмаар (0:1), „наполитанците“ в четврток на 29 октомври ќе гостуваат во Шпанија на „Сан Себастијан“ против Реал Сосиедад. Шпанците со 0:1 ги освоија првите три бода во групата „Ф“ откако беа подобри во Хрватска од Риека на нашите Дарко Велковски и Милан Ристовски.

На нашиот фудбалски „дијамант“ Елмас му останува да тренира, се врати во потребната форма и биде подготвен за историскиот меч на 12 ноември во Тбилиси против Грузија за пласман на ЕП.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот