Потврда од Наполи: Елмас и Зиелински негативни на ковид-19!

На почетокот од месец октомври клубот од „Сан Паоло“ објави дека македонскиот репрезентиваец Елиф Елмас е позитивен на ковид-19, а денеска доаѓаат добри вести и за екипата, но и за нашата најдобра А селекција.

Елмас, заедно со неговиот тимски играч во Наполи, Пјотр Зиелински после новите тестирања се негативни на коронавирус.

Оваа информација е објавена во пресрет на новиот натпревар на „наполитанците“ во Серија А в недела против Беневенто на гостински терен (15.00 часот).

Двајцата играчи нема да бидат во составот за неделниот дуел, но се очекува тренерот Џенаро Гатузо да ги има на располагање Елмас и Зиелински за мечот против Сасуоло на 1 ноември.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Триумф на Наполи, десетина минути за Елмас

Пред да им биде дозволено да играат во Серија А, тие прво мора да поминат физички тест за да се потврди дека нема долготрајни компликации од вирусот.

Претходно не играа и во првата средба од новата сезона во Лига Европа, а секако сите со верба и надеж дека Елмас ќе биде дел од составот на Игор Ангеловски за историскиот натпревар на 12 ноември за македонската А репрезентација во Тбилиси против Грузија за пласман на наредното Европско првенство.

Поврзани вести

ВИДЕО: Триумф на Наполи, десетина минути за Елмас

Слободен печат

Шоу на Кејн и Бејл за нов триумф на Тотенхем

Слободен печат

Барселона има нов претседател, Меси останува на „Камп Ноу“?

Слободен печат

Милинковиќ-Савиќ на лето од Лацио се сели во Јувентус?

Слободен печат

Коронавирус пред ол-стар натпреварот, двајца кошаркари го откажаа настапот

Слободен печат

Познат распоредот за третиот дел од сезоната во ПМФЛ: Вардар во првите две кола против Шкупи и Шкендија

Слободен печат

Остави Коментар