ФОТО: Екс американскиот државен секретар и шеф на ЦИА се стопи до непрепознатливост

Мајк Помпео пред 3 години и сега/Фото: Слободен печат/Драган Митрески/Скриншот

Откако администрацијата на Трамп си замина од Белата куќа по поразот на изборите, на политичката сцена повеќе не е актуелен и неговиот поранешен државен секретар и директор на ЦИА Мајк Помпео.

Но една негова неодамнешна појава во јавноста предизвика лавина реакција откако политичарот и разузнавач со вишок килограми се појави со преполовена тежина.

Помпео (58) ослабел 40 килограми и тоа за само шест месеци, пишува „Њујорк пост“. Поранешниот функционер во администраијата на Трамп за овој весник открива како му успеало слабеењето и зошто.

Се’ почна на 14 јуни 2021 година кога Помпео застанал на вага и видел дека му фалат само неколку килограми за да ја заокружи тежината на 135, првпат во животот. Следното утро кога се разбудил и рекол на сопругата Сузан:

-Денеска е тој ден! Почнав да вежбам, не секој но речиси секој ден, јадев здраво и тежината почна сама да исчезнува, рече тој за „Пост“, наведувајќи дека си направил домашна теретана во подрумот.

– Се обидував да слезам таму пет-шест пати неделно и да останам по половина час или час. Тука немаше ништо научно. Немаше тренер, немаше нитриционист, само јас, рече искрено Помпео.

Килограмите почнаа да му се множат кога првпат беше избран за претставник на Канзас во 2010 година, иако Помпео вели дека неговата борба со тежианта е „животна приказна“. За да изгуби килограми, морал да воведе дисциплина.

Мајк Помпео во посета на Македонија во октомври 2019 година/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ги снема чизбургерите и десертите кои некогаш стоеле покрај неговиот компјутер додека работел до доцна или патувал низ светот. Неговата промена на начинот на исхрана, сепак, не влијаеше на традицијата на неговото семејство, што се однесува до одењето во ресторани. „IHOP“, американски синџир за палачинки, сè уште е омилениот локал на Помпео, но сега наместо куп палачинки прелиени со сируп, тој избира поздрави опции.

„Сега земаме белки од јајце и мисиркина сланина“, рече тој.

– Моето семејство се собира околу храната. Ние сме Италијанци и сакаме да се собереме околу добар оброк тестенини или леб, сирење и десерт. Ќе продолжиме да уживаме во големи оброци, освен што сега ќе кажам: „Ќе земам салата“ – се смее Помпео, додавајќи дека за шест месеци успеал да ослабне 40 килограми.

Мајк Помпео со упорност и вежбање загуби 40 килограми/ Фото: Скриншот

Неговото слабеење привлече внимание на социјалните мрежи, а Помпео истакнува дека коментарите не биле комплименти.

– Постовите беа прилично негативни или едноставно неточни, се шпекулираше дека имам здравствени проблеми со вратот или рак. Никој никогаш не ми се јави и навистина не праша што се случи – рече тој.

Помпео изјавил дека за време на патувањата секогаш нарачувал чизбургери во хотелската соба.

– Тоа беше шема во мојот живот. Ќе се вратам во собата (од состанокот) и ќе продолжев да работам и да го јадам мојот чизбургер. Кога работите и јадете, само продолжувате да работите и само јадете – истакна тој.

Мајк Помпео
Помпео сега со 40 килограми помалку и без претседателски амбиции/ Фото: Скриншот

Помпео беше 70-ти државен секретар во администрацијата на Доналд Трамп од 2018 до 2021 година, по кратка позиција како директор на ЦИА и три конгресни мандати. Од напуштањето на владата, пишува за „Фокс њуз“, советник е за глобални прашања во Американскиот центар за право и правда, а претседател е на организацијата „Калвари ПАК“.

Помпео рече дека се надева дека неговото патување ќе ги инспирира другите кои се борат со дебелината да изгубат тежина.

– Не е тешко, не е трајно. Нема гаранции дека ќе продолжам да ја одржувам оваа сегашна тежина, но ако сфатиш дека може да ти се случат добри работи ако продолжиш (со дисциплина), можеш и тоа – заклучи тој.

Помпео, исто така, ги отфрли гласините на социјалните мрежи дека изгубил тежина за да се загрее за претседателската трка во 2024 година.

– Точно е дека навистина се подготвувам за 2024 година и се надевам дека ќе бидам тука – рече тој, објаснувајќи дека се надева на внуци.

– Син ми се жени во јули и сакам да бидам поздрав и присутен за, се надевам, внуци.

– Облеката ми стои подобро, имам повеќе енергија. Но, најмногу сакам да бидам таму за моето семејство и се надевам на еден куп внуци – заклучи Помпео.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот