Фото: Wikimedia commons

ФОТО | Необичната гробница на познат новинар стана туристичка атракција во Париз

Париз, градот на љубовта, светлината, уметноста, светската престолнина на модата е еден од најпосетуваните метрополи во светот. Неговите најпрепознатливи атракции се секако музејот Лувр, Ајфеловата кула, реката Сена и Триумфалната капија, но многу туристи не пропуштаат да ги посетат париските гробишта, особено Пер-Лашез, кои важат за едни од најпознатите гробишта во светот, пишува „Путни кофер“.

Градските гробишта Пер-Лашез се протегаат на површина од 44 хектари, годишно ги посетуваат околу 3,5 милиони луѓе, а некои од великаните како Оскар Вајлд, Едит Пјаф, Џим Морисон, Фредерик Шопен и Марсел Пруст тука го најдоа своето вечно почивалиште.

Меѓу познатите споменици се издвојува и „најсекси гробницата на светот“, која стекна огромна популарност на социјалните мрежи.

Фото: Instagram / jennywoooi

Станува збор за гробот на Виктор Ноар, новинар кој до неговата смрт во 1870 година работел за францускиот весник „Ла Марсеј“, а кога починал имал само 22 години.

Како што пишува британскиот весник „Мирор“, и покрај прилично обичната кариера, Ноар на крајот бил убиен од принцот Пјер Бонапарта, братучед на Наполеон Трети, кој владеел во тоа време. Имено, принцот бил навреден од ставовите на „Ла Марсеј“ за неговото семејство и го предизвикал уредникот на дуел.

Гробницата на овој човек често се опишува како „најсекси на светот“, а се состои од човечка скулптура во природна големина направена од скулпторот Жил Далу.

Фото: Instagram / silvestresomos

Фигурата на покојникот лежи на грб на земја, а од непознати причини, Далу направил многу забележлива испакнатост под појасот на скулптурата, што предизвика создавање на бизарен мит кој на крајот го направи неговиот гроб симбол на плодноста, сексуалната среќа и перверзните фантазии.

Постои легенда дека жената ќе постигне зголемена плодност и ќе го збогати својот сексуален живот ако ги бакне усните на Виктор Ноар, ако му ја трие испакнатоста кај пантолоните и му стави цвет во капата.

Според приказната што ја пренесоа медиумите, се вели дека после тоа многу брзо пристигнуваат бебиња, а невенчаните девојки успеваат да најдат сопруг во рок од една година.

Ако се погледне колку е веќе „истрошено“ лицето на скулптурата и испакнатоста на панталоните, односно колку е различна бојата во однос на останатиот дел од споменикот, се чини дека многу жени сериозно ја сфаќаат оваа легенда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот