ФОТО | Една година по тајната венчавка: Борис и Кери Џонсон приредија голема свадбена прослава

Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Минатата година двојката се венчаше на приватна церемонија во Вестминстерската катедрала, организирана во тајност, во присуство на блиското семејство и пријателите. Потоа следеше прием во градините на Даунинг стрит број 10 со ограничен број гости поради ограничувањата на коронавирусот.

По една година од венчавката британскиот премиер во заминување и неговата сопруга приредија свадбен прием за широк круг пријатели и семејствоto во имотот Котсволдс Дејлсфорд на лорд Бамфорд, еден од главните донатори на Конзервативната партија.


Борис и Кери Џонсон првично планираа да ја одржат венчавката во официјалната резиденција на премиерот, Чекерс, во Бакингемшир. Бидејќи плановите предизвикаа бурни реакции во јавноста, обвинувајќи го Џонсон дека останал на премиерската функција само за да ја искористи можноста да одржи венчавка во резиденцијата, парот решил да ја смени локацијата, иако веќе испратиле покани за 30 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот