ФОТО | „Ѕвездени патеки“ на Марс: НАСА сними нешто многу чудно на црвената планета

Фото: CBS / Ferrari / Profimedia

„Дали некој го заборави својот комуникатор на Марс?“ Ова е прашањето што го поставуваат многумина ширум светот откако американската вселенска агенција НАСА објави необична фотографија од Марс, на која се гледа форма позната на милиони фанови на серијата „Ѕвездени патеки“, пишува „Спејс“.

Фотографијата е направена од роверот Кјуриосити (Curiosity), а во купот карпи може да се види онаа која наликува на симболот на Старфлит (Starfleet), имагинарната воено-истражувачка организација на екипажот на Ентерпрајз (Enterprise) и другите вселенски бродови во една од најуспешните научно фантастични франшизи.

Овој симбол може да се види на градите на хероите од „Ѕвездените патеки“, како што се капетанот Џејмс Кирк (Вилијам Шатнер) и Спок (Леонард Нимој) од 1966 година, а од 1987 година се појавија капетанот Жан-Лук Пикард (Патрик Стјуарт) и серијата „Ѕвездени патеки: Следната генерација“, каде не е само симбол на флотата, туку и комуникатор.

НАСА објави неверојатна слика на страницата за необработени фотографии од роверот Кјуриосити. Направена е од левата навигациска камера на Марс на 9 јануари.

Аматерскиот астроном Скот Аткинсон го забележа симболот и се пошегува на платформата Ик (поранешен Твитер).

– Верувам дека навивачите на „Ѕвездените патеки“ во тимот на Кјуриосити беа вртоглави како мачката Чешир кога оваа слика се појави на нивниот екран – напиша тој.

Ова не е прв пат НАСА да објави дека снимила некој облик на Марс кој наликува на симболот на „Ѕвездени патеки“. Слична формација во песочните дини на Црвената планета беше фотографирана од Марс Орбитер (МРО) на 22 април 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот