ФОТО | Џон Траволта објави ретка фотографија со своите деца: „Моите прекрасни бебиња“
Џон Траволта ги изненади своите фанови откако објави ретка фотографија на Инсаграм, а на која позира со неговата ќерка Ела Блу (25) и синот Бен (15), што изненади многумина бидејќи актерот ретко се појавува во јавноста со нив. Во објавата, тој напиша:
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Мои прекрасни бебиња на мојата задоцнета Божиќна честитка за 2025. Се надевам дека сите сте во ред“.

Ела и Бен се деца на Траволта и неговата покојна сопруга Кели Престон, која почина во јули 2020 година на 57-годишна возраст по долга борба со рак на дојка. Парот го имаше и синот, Џет, кој трагично почина во 2009 година на 16 години од епилептични напади.
Траволта редовно ги споделува спомените за Кели на социјалните мрежи. Минатиот октомври, на денот на нејзиниот роденден, објави песна што ѝ ја посвети, пишувајќи:
„Ја снимив оваа песна за Кели и сакам да ја споделам со сите вас на нејзиниот роденден. Среќен роденден, Кели, те сакаме, Џон Ела и Бен“.
За Денот на мајката минатата година, тој објави стара семејна фотографија под која напиша:
„Среќен Ден на мајката, Кели. Направи одлична работа. Те сакаме! “.

Најновата објава на Траволта собра повеќе од 108 илјади лајкови, а Ела, како што е често, остави три црвени срца во коментарите.
Таткото и ќерката наскоро ќе се појават повторно заедно на филмското платно во акцискиот трилер „Black Tides“, кој го режира Рени Харлин. Филмот го следи ликот на Бил Пирс (Траволта), отуѓен татко кој се обидува да обнови однос со својата ќерка Ребека (Ела) и внуката. Нивната авантура по јужна Шпанија се претвора во борба за живот по напад од одметнати орки. Траволта и Ела веќе глумеле заедно во филмовите „The Poison Rose“ (2019) и „Old Dogs“ (2009).


