ФОТО | Џенифер Лоренс облече апостолки на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал

Џенифер Лоренс на годинашниот Кански филмски фестивал / Фото: Profimedia

Американската актерка Џенифер Лоренс се појави на премиерата на филмот „Anatomy of a Fall“ на годинашниот Кански филмски фестивал.

Оскаровката пристигна на црвениот тепих во гламурозен црвен фустан од модната куќа „Диор“, елегантна наметка во истата боја, суптилен дијамантски ѓердан и прилично невообичаени чевли за еден ваков свечен настан – црни апостолки.


Се чини дека Лоренс, која двапати има паднато на слични свечености, сакала да избегне уште едно непријатно паѓање во јавност. По пристигнувањето на фестивалот, таа се пресоблече во црвени и елегантни високи потпетици и позираше пред бројните фоторепортери.

Како потсетување, Лоренс падна додека се начуваше да ја прими наградата за најдобра актерка на Оскарите во 2013 година. Една година подоцна, таа повторно падна на оскаровскиот црвен тепих.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот