ФОТО+ВИДЕО | Џејсон Момоа ги разбесни Италијанците со фотографии од Систинската капела, мораше да се извини

Фото: Инстаграм/Профимедиа

Ѕвездата на „Аквамен“, актерот Џејсон Момоа престојувал во Италија на снимањето на филмот „Fast X“, десеттиот дел од филмската сага „Fast and Furious“, па минатата недела на Инстаграм објави фотографии од Систинската капела, поради што се извинил со оглед на тоа дека таму фотографирањето е забрането.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Momoa (@prideofgypsies)

Момоа на 9 мај објавил фотографија во величествената капела со фрески на Микеланџело кои ги красат нејзините ѕидови и тавани. Под фотографијата напишал: „Те сакам Италија, каков убав почеток на слободен ден во Рим“. Но, незадоволните обожаватели набрзо го потсетија во коментарите дека на посетителите им е забрането да се фотографираат или да снимаат видеа во Систинската капела.

Поради тоа Момоа во саботата објавил видео со извинување снимено во теретана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Momoa (@prideofgypsies)


„Ова е мојот последен ден во Рим и едноставно ве сакам вас и Италија. Ако мислевте дека не ја ценам вашата култура, верувајте ми тоа не беше мојата намера“.

Тој исто така рекол дека првпат ги посетил Ватикан и Систинската капела кога имал 19 или 20 години. Момоа додал дека слободните денови во Рим одлучил да ги помине во обиколка на градот и посета на Систинската капела во приватен аранжман, а и донирал одредена сума за црквата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Momoa (@prideofgypsies)


Актерот објаснил дека, по неговото пристигнување во капелата, обожавателите сакале да се фотографираат со него, на што тој се согласил.

– Побарав дозвола, сметајќи дека е правилно. Никогаш не би направил нешто со што би покажал непочитување кон нечија култура. Се извинувам ако го направив тоа. Не ми беше намерата“, рекол Момоа.

Неговото видео со извинување во неделата наутро имаше речиси 3 милиони прегледи.

Ново поглавје за познатиот актер: Џејсон Момоа ќе стане дел од семејството „Fast and Furious“

ФОТО: Џејсон Момоа е повторно зафатен маж, а ова е неговата десет години помлада убавица

Џејсон Момоа и Лиза Бонет се разделуваат: Актерската двојка ја споделија веста на поетичен начин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот