Џејсон Момоа и Лиза Бонет се разделуваат: Актерската двојка ја споделија веста на поетичен начин

џејсон момоа Лиза Бонет
Лиза Бонет и Џејсон Момоа / Фото: EPA-EFE

Џејсон Момоа, познат по улогите во „Aquaman“ и „Game of Thrones“ и неговата сопруга, актерката Лиза Бонет се разделуваат.

42-годишниот актер ја потврди веста на својот инстаграм-профил објаснувајќи им на своите бројни следбеници и обожаватели дека одлуката била заедничка.

„Сите сме се променивме во ова предизвикувачко време. Се случува револуција и нашето семејство не е исклучок. Се чувствуваме како да растеме низ сеизмичките поместувања што се случуваат и затоа ја споделуваме семејната вест за разводот. Не го споделуваме затоа што мислиме дека е важна вест, туку сакавме тоа да го направиме достоинствено и искрено. Љубовта меѓу нас продолжува и ќе се развива на начинот на кој сакаме. Ослободени еден на друг да бидеме она што го учиме да станеме.Нашата посветеност кон светиот живот и децата е непоколеблива. Ги учиме децата колку што е можно повеќе. Ја живееме молитвата. Љубовта нека надвладее“, објаснија актерите во својата заедничка објава.

џејсон момоа лиза бонет
Џејсон Момоа и Лиза Бонет / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Момоа и Лиза беа заедно од 2005 година и се родители на две деца. Судбоносното „да“ го кажаа на тајна венчавка во 2017 година.

„Кога имав осум години ја видов Лиза на телевизија и реков: „Мамо, ја сакам“, се пошегува актерот Момоа кога беше гостин во „The Late Late Show“ во септември 2017 година. „Размислував да ја следам до крајот на мојот живот и како во еден момент ќе стигнам до неа“, додаде Аквамен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by dgb • Dina Giddio (@dgbeans)

Во истото интервју Џејсон откри како тој и Лиза се запознале преку заеднички пријатели во еден џез клуб. И двајцата делеле голема љубов кон Гинис, па така се зближиле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Momoa (@prideofgypsies)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот