ФОТО | Џејми ја лечел со религија: Бритни повторно со емотивна објава

бритни спирс
Фото: Принтскрин / Instagram
Бритни Спирс беше дијагностицирана од медицински професионалци со сериозна ментална болест, но Џејми Спирс и неговиот менаџментски тим сметале дека ќе можат да ја излечат Бритни со религија.

Џејми бил прероден христијанин откако поминал рехабилитација на почетокот на старателската приказна. Тој бил во обид да ја направи компанијата „Tri Star Entertainment“ надлежна за бизнис релациите од старателството, која била сопственост на негов познаник Лоу Тејлор кој работел заедно со портпаролот на семејството Спирс.

Тејлор исто така бил прероден христијанин, кој го назначил Робин Гринхил од неговата компанија да биде надлежен за сите бизнис релации на Бритни – но во позадина интересите биле повеќе од само за пари, па Робин навлекол и го контролирал секој аспект на животот на Бритни.

Џејми и Лоу во 2008 размислувале за ослободување од старателството, но сметале дека Господ ги води кон тоа да чекаат, постат и да се молат, и покрај советите кои ги добивале од група адвокати.

Компанијата „Tri Star“ добивала 5 проценти од профитот на Бритни, па се стекнувала со огромна сума на пари со нејзините настапите. Кога во 2019 година Бритни престана со јавни перформанси а приходите значително им се намалиле, барале гарантна сума која била спротивно од договореното.

Во неодамнешна објава на својот инстаграм-профил 39-годишната пејачка повторно се огласи со емотивен текст, во кој се обраќа на својата „небесна сестра“.

„Доколку имате пријателка која живее во куќа која се чувствува како да е многу мала четири месеци… без автомобил… без телефон… без врата за приватност и треба да работата околу 10 часа дневно 7 дена во неделата и дава тони крв неделно никогаш со слободен ден… Силно ви препорачувам да ја земете вашата пријателка и да избегате од таму!!! Ако сте како мојата фамилија која вели нешта како „Ти си во старателство“… веројатно мислат дека си поинаква па може да те си играат со тебе!!!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

На крајот на објавата Бритни се заблагодари на нејзиниот адвокат Метју Розенгард нарекувајќи го „неверојатен“, кој ѝ помогнал да го промени својот живот.

Овие емотивни објави исполнети со чувства на ослободување кои континуирано ги објавува Бритни сега стануваат сосема јасни откако допрва се разоткриваат детали за притисокот ѝ бил нанесуван од нејзините „најблиски“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот