Дарко Гелев - Брејк, Никола Перевски - Пере и Игор Џамбазов / Фото: Инстаграм/Никола Перевски

ФОТО | Џамбазов, Пере и Брејк ги поврзува тажна љубовна приказна: „Сите приказни, исти се“

Тажна љубовна приказна ги поврзува Игор Џамбазов, Пере од „Нокаут“ и Дарко Гелев-Брејк кои заедно се сликаа на нивните инстаграм-профили.

Она што е најспецифично за тројцата е приказната на песната „Во бестрага“ која ја компонираше Никола Перевски – Пере, текстот го напиша Игор Џамбазов, а првично ја испеа Брејк, па потоа и Џамбазов.

Во една прилика, Никола Перевски-Пере раскажа како настанала оваа песна.

„Песната ја напишав кога имав 19 години. Франц беше вклучен како коавтор. Првите тонови долго време владееа со мене и ми се мотаа во глава. Џамбазов само што ја слушна, преку ноќ го напиша текстот и ја снимивме во студиото ‘Тра ла ла’ на Мите Димовски. Брејк ни беше првиот избор, најмногу поради специфичноста на неговиот вокал. По првиот анплагд концерт на ‘Нокаут’ кога Игор ја отпеа песната, продолживме редовно да ја свириме на концертите со бендот“, раскажа Пере.

Таа песна сега почесто ја пее Игор Џамбазов заедно со „Нокаут“. Во едно интервју за „Слободен печат“, тој ги искоментира нејзините стихови низ своја лична приказна.

„За жал, Илина и јас не сме повеќе заедно. Таа веќе одлучи дека сака таму да живее, доби одлична понуда за работа, онаа за која сонуваше во последните 10 години, и што е најважно од сѐ, сето ова таа ми го најави ушт во првите денови на нашата љубов. И конечно, кога короната и официјално не беше пречка за патувања, таа се спакува, во куферот што ѝ го подарив претходниот ден и замина. Исто како во ‘Бестрага. ‘Сите приказни исти се, тажни ко оваа“, рече актерот во 2023 година, кога се разделија со планинарката Илина Арсова која сега се врати да живее во Македонија.

И заедничката слика која е сликана покрај базен на тројцата познати музичари има опис како во песната, „Сите приказни,исти се…“, пишува до сликата која можеби е најава за нова соработка помеѓу тројцата.

Дарко Гелев – Брејк, Никола Перевски – Пере и Игор Џамбазов / Фото: Инстаграм/Никола Перевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот